Систем администратори

Систем администратори

Изгледи за вработување

Главна причина за очекуваниот раст за вработување на систем администраторите во иднина е брзиот раст на ИТ индустријата.
Денес речиси сè зависи од ИТ технологијата, па така и во иднина ќе има многу поголема побарувачка од систем администратори, како и за занимања поврзани со ИТ секторот.

Најдобри изгледи за вработување ќе имаат оние систем администратори кои се во тек со најновите технологии и кои поседуваат вештини поврзани со развивање на концепции и оперативни методи за работа и поддршка на оптимални перформанси и безбедност на системите за информатичка технологија.

Во просек на годишно ниво, за периодот 2017-2022, бројот на регистрирани вработени изнесувал околу 750 лица, притоа оваа бројка континуирано расте од година во година.

 Слични занимања (од ISCO-08)

  • Дизајнери на бази на податоци и администратори-2521
  • Стручњаци за компјутерски мрежи -2523
  • Стручњаци за бази на податоци и компјутерски мрежи, некласифицирани на друго место -2529

Повеќе информации

За вработување:

https://e-rabota.av.gov.mk

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Систем администраторите спроведуваат истражувања, унапредуваат, развиваат концепции и оперативни методи за работа и поддршка на оптимални перформанси и безбедност на системите за информатичка технологија.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Лиценци за познавање на одредени програмски јазици или програмски пакет.

Просечна месечна нето заработувачка

35.316 МКД

Слободни работни местa

25