Рударски и металуршки инженери

Рударски и металуршки инженери

Просечна месечна нето заработувачка

Просечната месечна нето заработувачка за споредната група Споредна група 214 – Стручњаци за инженеринг  изнесувала 38.441 денари во 2018 година. Според статистиката на Агенцијата за вработување, во 2022 година, околу  64 проценти од огласите се однесувале за вработувања со полно работно време.

(Извор: Државен завод за статистика, Анкета за структура на заработувачката, 2018 г.)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Рударските инженери спроведуваат истражувања, проектираат, развиваат оперативни методи за работа и надгледуваат спроведување на методи на комерцијално вадење на цврсти минерални суровини, нафта, природен гас и вода од внатрешноста на земјата и под вода, нивно облагородување и испраќање за преработка. Металуршките инженери истражуваат, проектираат и развиваат комерцијални методи за издвојување на металот од рудата и добивање на нови легури, керамика и други материјали и проучуваат технолошки аспекти на одделни материјали, производи и советуваат во врска со нив.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

38.411 МКД

Слободни работни местa

6