Рударски и металуршки инженери
Активности
Рударските инженери спроведуваат истражувања, проектираат, развиваат оперативни методи за работа и надгледуваат спроведување на методи на комерцијално вадење на цврсти минерални суровини, нафта, природен гас и вода од внатрешноста на земјата и под вода, нивно облагородување и испраќање за преработка. Металуршките инженери истражуваат, проектираат и развиваат комерцијални методи за издвојување на металот од рудата и добивање на нови легури, керамика и други материјали и проучуваат технолошки аспекти на одделни материјали, производи и советуваат во врска со нив.
Задачите вклучуваат:
- истражување, советување при проектирање и развивање на нови или подобрување на методи во врска со инженерските аспекти во рударството и екстракцијата на нафта, гас и вода;
- дефинирање на најпогодни методи за ефикасно рударство и екстракција, видови на машини што ќе се користат, планирање на поставеноста на и раководење со изградбата на рударски окна и тунели;
- утврдување на најсоодветни места на метали од руда како и машини и опрема кои притоа се користат;
- планирање, проектирање и надгледување на изработката, опремувањето и испитувањето на места каде што се дупчи нафта, плин и вода, на копно и под вода;
- планирање, проектирање и надгледување на изградбата на системот за вештачко подигање на флуиди од места за дупчење, нивно собирање, облагородување и испраќање, складирање во геолошки структури, како и транспорт до постројките за преработка;
- воспоставување на безбедносни стандарди и постапки и објекти за прва помош, особено под земја;
- истражување, унапредување на методите за одвојување на метал од рудата и советување за нивната примена;
- испитување на својствата на металите и легурите, развивање на нови легури; советување за надгледување од технички аспекти на производството и преработката на метали и легури;
- проучување и советување за технолошките аспекти на одделни материјали, производи и постапки;
- советување и соработка со релевантни стручњаци во другите технички струки, особено со геолозите и геофизичарите;
- изработка на научни трудови и пишување на извештаи;
- вршење на сродни работи;
- надзор на останатите соработници.
Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:
2146.01 Инженер за нафтено рударство
2146.02 Инженер за рударско мерење
2146.03 Останати рударски инженери
2146.04 Рударски инженер за вадење на нафта и плин
2146.05 Рударски инженер за одвојување
2146.06 Рударски инженер за рудници на јаглен
2146.07 Рударски инженер за рудници на метални руди
2146.08 Рударски инженер – главен технолог во јама
2146.09 Рударски инженер – проектант
2146.10 Рударски инспектор – инженер
2146.11 Инженер по металургија – истражувач
2146.12 Инженер по металургија – проектант
2146.13 Инженер по металургија – технолог
2146.14 Инженер по металургија – технолог за калапирање
2146.15 Инженер по металургија – технолог за пресување
2146.16 Инженер по металургија – технолог за топење
2146.17 Инженер по обоена металургија
2146.18 Инженер за црна металургија
2146.19 Инженер – металург
2146.20 Инженер – металург за обработка на метал
2146.21 Инженер – металург за производство и преработка на метал
2146.22 Останати инженери металурзи
2146.23 Инженер за рударска заштита
2146.24 Сменоводител во рудник
2146.25 Одговорен инженер за дупчење, минирање
2146.26 Одговорен инженер за експлоатација и мобилност на опрема
2146.27 Управник на флотација
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)