РАКУВАЧИ НА МАШИНИ ЗА ПРЕХРАМБЕНИ И СЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ

РАКУВАЧИ НА МАШИНИ ЗА ПРЕХРАМБЕНИ И СЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ

Како да станете ракувач/ка на машини за прехрамбени и слични производи

Образование

 

Ракувачите со машини за прехрамбени и слични производи треба да имааат завршено средно стручно образование. Бидејки ова занимање има многу под занимања, на следниов линк може да се најде Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2018/2019 година во Република Македонија:

http://www.mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/2340-2018-2029

 

Важни квалитети

Аналитички вештини: Ракувачите со машини за прехранбени и слични производи  мора да го следат  процесот на работа со машините со кои ракуваат. Овие задачи бараат прецизност и точност.

Комуникациски вештини: Ракувачи со машини за прехранбени и слични производи соработуваат со соработниците од претходната и наредната операција, соработуваат со раководителот,  познаваат и применуваат  техничко-технолошка терминологија.

Механички вештини: Ракувачи со машини за прехранбени и слични производи оперираат сложени машини и повремено вршат рутинско одржување.

Физичка сила: Ракувачи со машини за прехранбени и слични производи, мора да бидат способни да вршат физички напорни, повторувачки задачи, како што се кревање тешки предмети и свиткување на половината.

 

 

Задолженија на работното место

Ракувачите со машини за прехранбени и слични производи ракуваат со машините за колење и сечење на животински трупови и производство на производи од риба и месо, производство на млечни производи, мелење на зрна и преработка на жита и храна за човекот и животните, леб и разни видови на тестенини, преработка на овошје и зеленчук и нивно конзервирање и замрзнување, преработка на чај, кафе и други видови на безалкохолни пијалаци, производство на пиво, вино и други алкохолни пијалаци, производство на цигари и други производи од тутун.

Потребно образование при вработување

Средно стручно образование

Просечна месечна нето заработувачка

14.300 MKD

Слободни работни местa

  • 86 АВРМ