РАКУВАЧИ НА МАШИНИ ЗА ПРЕХРАМБЕНИ И СЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ

РАКУВАЧИ НА МАШИНИ ЗА ПРЕХРАМБЕНИ И СЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ

Активности

Ракувачите со машини за прехранбени и слични производи ракуваат со машините за колење и сечење на животински трупови и производство на производи од риба и месо, производство на млечни производи, мелење на зрна и преработка на жита и храна за човекот и животните, леб и разни видови на тестенини, преработка на овошје и зеленчук и нивно конзервирање и замрзнување, преработка на чај, кафе и други видови на безалкохолни пијалаци, производство на пиво, вино и други алкохолни пијалаци, производство на цигари и други производи од тутун.

Задачите вклучуваат:

  • ракување со машини за колење на животни и сечење на нивни трупови на стандардни парчиња;
  • ракување со машините за преработка на месо и риба, производство на различни производи од месо и риба;
  • ракување со машини за пастеризирање, хомогенизирање и топлинска обработка на млекото и кајмакот и производство на млечни производи;
  • ракување со машини за производство на путер, сирење и други млечни производи или производи врз база на млеко;
  • ракување со машини за производство на брашно, гриз, животинска храна и преработка на ориз;
  • ракување со машини за подготовка на тесто за производство на леб, слатки, тестенини, чоколадни и слични производи од брашно, какао и други состојки;
  • ракување со печки за печење на леб, слатки, тестенини и слични производи;
  • ракување со машини за сушење, вадење, конзервирање, замрзнување или друга преработка на овошје и зеленчук;
  • ракување со машини за рафинирање, кристализирање и сушење на шеќер;
  • ракување со машини за преработка на мед;
  • ракување со машини за сушење на листови од чај, виткање на исушени листови или сушење на виткани листови и мешање на различни видови на чај;
  • ракување со машини за пржење и мелење на кафе, какао или ендивија;
  • ракување со машини за производство на безалкохолни пијалаци, со исклучок на сокови од овошје и зеленчук;
  • ракување со машини за преработка на јачмен и други жита во процесот на производство на дестилирани пијалаци или пијалаци од слад и контролирање на ферментациски процеси;
  • ракување со машини за преработка на грозје и друго овошје во процесот на производство на вино и за контролирање на ферментациски процеси;
  • ракување со машини за производство на квасец;
  • ракување со машини за преработка и производство на цигари и други производи од тутун;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други работници.

 

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

8160.01  Ракувач со уреди за обработка на месо

8160.02  Ракувач со уреди за обработка на риба

8160.03  Ракувач со машина за топење на масти

8160.04  Ракувач со машина за сушење на месо

8160.05  Ракувач со уреди за замрзнување на месо и риба

8160.06  Ракувач со уреди за стерилизација на месни и рибји конзерви

8160.07  Ракувач со уреди за изработка на колбаси

8160.08  Ракувач со машина за преработка на месо

8160.09  Ракувач со машина за преработка на риба

8160.10  Ракувач со машина за конзервирање на месо и риба

8160.11  Ракувач со машина за рибји производи

8160.12  Опслужувач на машина во преработката на месо и риба

8160.13  Ракувач со уреди за обработка на млеко

8160.14  Ракувач со уреди за пастеризација на млеко

8160.15  Ракувач со машина за конзервирање на млеко

8160.16  Индустриски обработувач на млеко, специјализиран

8160.17  Ракувач со постројка за преработка на млеко

8160.18  Ракувач со постројка за производство на млечна детска храна

8160.19  Ракувач со уреди за ладење на млечни производи

8160.20  Ракувач со уреди за пастеризација на млечни производи

8160.21  Ракувач со машина за млечни производи

8160.22  Произведувач на сирење, индустриски

8160.23  Преработувач на млеко, специјализиран

8160.24  Опслужувач на уреди во преработката на млеко

8160.25  Ракувач со машина за лупење на жито

8160.26  Ракувач со машина за мелење на жито

8160.27  Ракувач со мелничарски сита

8160.28  Ракувач со мелничарски валјаци

8160.29  Ракувач со мелница за зачин

8160.30  Ракувач со силосни уреди

8160.31  Опслужувач на машини за мелење на прехранбени производи

8160.32  Ракувач со машина за производство на добиточна храна

8160.33  Ракувач со машина за производство на диетална храна

8160.34  Ракувач со машина за производство на тесто

8160.35  Ракувач со машина за производство на жита

8160.36  Ракувач со пекарски машини

8160.37  Ракувач со машина за производство на тестенини

8160.38  Ракувач со машина за производство на бисквити

8160.39  Ракувач со машина за печива

8160.40  Ракувач со машина за производство на колачи

8160.41  Ракувач со машина за производство на слатки

8160.42  Ракувач со машина за производство на гуми за џвакање

8160.43  Ракувач со машина за производство на чоколади

8160.44  Опслужувач на машина за пекарски производи и слатки

8160.45  Кондитори

8160.46  Ракувач со машина за миење на овошје и зеленчук

8160.47  Ракувач со машина за подготовка на овошје и зеленчук

8160.48  Ракувач со уреди за сушење на овошје и зеленчук

8160.49  Ракувач со уреди за замрзнување на овошје и зеленчук

8160.50  Ракувач со уреди за стерилизирање на конзерви за овошје и зеленчук

8160.51  Ракувач со машина за обработка на овошје

8160.52  Ракувач со машина за преработка на овошје и зеленчук

8160.53  Ракувач со машина за производство на сокови

8160.54  Ракувач со машина за производство на детска храна од овошје

8160.55  Ракувач со машина за мелење на маслени лушпи

8160.56  Ракувач со машина за мелење на маслено семе

8160.57  Ракувач со машина за производство на масло за јадење

8160.58  Ракувач со машина за рафинирање на масло и масти

8160.59  Ракувач со машина за производство на маргарин и растителна маст

8160.60  Опслужувач на линија за преработка на овошје и зеленчук

8160.61  Ракувач со прехранбени машини

8160.62  Ракувач со постројки за режење на шеќерна репка

8160.63  Ракувач со постројки за екстракција на шеќер

8160.64  Ракувач со постројки за филтрирање на шеќерен сируп

8160.65  Ракувач со постројки за кристализација

8160.66  Ракувач со постројки за течен шеќер

8160.67  Ракувач со постројки за стерилизирање на уреди и транспортни средства

8160.68  Ракувач со постројки за сушење на шеќер и резанки

8160.69  Ракувач со постројки за сепарација на скроб

8160.70  Ракувач со постројки за добивање на скробен сируп

8160.71  Ракувач со постројки за рафинирање на скроб

8160.72  Ракувач со постројки за добивање на глутен

8160.73  Ракувач со постројки за производство на скробни деривати

8160.74  Ракувач со постројки за преработка на мед

8160.75  Издвојувач на лековити производи од мед, специјализиран

8160.76  Опслужувач на машина за производство на шеќер

8160.77  Ракувач со постројки за подготовка на кафе, инстанти и чаеви

8160.78  Ракувач со постројки за преработка на кафе, какао, додатоци за јадења и чаеви

8160.79  Ракувач со уреди за обработка на јачмен и слад

8160.80  Ракувач со постројки за производство на пиво

8160.81  Ракувач со уреди за производство на вино

8160.82  Ракувач со уреди за производство на алкохол

8160.83  Ракувач со уреди за производство на жестоки алкохолни пијалаци

8160.84  Ракувач со уреди за производство на безалкохолни пијалаци

8160.85  Ракувач со постројки за производство на оцет

8160.86  Ракувач со уреди за производство на квасец

8160.87  Ракувач со уреди за производство на пијалаци

8160.88  Опслужувач на линија во производството на пијалаци

8160.89  Опслужувач на линија во преработката на тутун

8160.90  Ракувач со машина за преработка на тутун

8160.91  Ракувач со уреди за преработка на тутун

8160.92  Ракувач со машина за производство на производи од тутун

8160.93  Ракувач со постројки за производство на производи од тутун

 

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Задолженија на работното место

Ракувачите со машини за прехранбени и слични производи ракуваат со машините за колење и сечење на животински трупови и производство на производи од риба и месо, производство на млечни производи, мелење на зрна и преработка на жита и храна за човекот и животните, леб и разни видови на тестенини, преработка на овошје и зеленчук и нивно конзервирање и замрзнување, преработка на чај, кафе и други видови на безалкохолни пијалаци, производство на пиво, вино и други алкохолни пијалаци, производство на цигари и други производи од тутун.

Потребно образование при вработување

Средно стручно образование

Просечна месечна нето заработувачка

14.300 MKD

Слободни работни местa

  • 86 АВРМ