ПРОГРАМЕРИ ЗА АПЛИКАЦИЈА
Работна средина
Развивањето на апликации е тимска работа, програмерите соработуваат со тимови од разни области кои исто така допринесуваат до развој, доработка и имплементација на успешно софтверско решение. Програмерите за апликација, дизајнираат апликации за мобилни телефони, таблети, телевизори, компјутерски апликации или компјутерски игри. Може да креираат кориснички софтвер за специфични клиенти или комерцијален софтвер за продажба или слободна дистрибуција. Еден дел од програмерите за апликации креираат или одржуваат комплексни датабази за клиенти. Тие исто така креираат програми кои клиентите ги користат за работа преку интернет или интранет.
Програмерите за апликации најчесто работат во компании од ИТ секторот, кои во најголем дел работат за странски пазари. Во последно време се зголемува и бројот на програмери кои работат од дома.