ПРОГРАМЕРИ ЗА АПЛИКАЦИЈА

ПРОГРАМЕРИ ЗА АПЛИКАЦИЈА

Како да станете програмери за апликација

Образование

Вообичаено се бара програмерите за апликации да имаат завршено високо образование на некој од електротехничките факултети или факултети за информатика или инженерство во Република Северна Македонија или странство. Покрај универзитетско образование, повеќето претпријатија претпочитаат практично искуство со програмските јазици во кои се работи. Вообичаено факултетите им помагаат на студентите да се стекнат со практично искуство во текот на летото или со практиканство на скратено работно време во фирми, како дел од нивните студиски програми.
Програмерите за апликации потребно е да поседуваат знаења и вештини во секторот за кој треба да ги креираат апликациите. На пример, доколку креираат апликации за потребите на банките, потребно е да имаат основно познавање од областа на финансиите, така што ќе го разбираат компјутерскиот систем на банката за која ја креираат апликацијата. Доколку немаат предзнаење спецификите на системот ги учат преку постојано комуникација со корисниците (клиентите) и преку постојано надополнување на функционалните барања на клиентот.
Листа на државни и приватни универзитети кои имаат акредитирани студиски програми во областа, може да се најдат тука:
http://www.mon.gov.mk/index.php/dokumenti/akreditacii

Лиценци и обуки

Поседувањето на меѓународно признати лиценци и/или сертификати за познавање на определени програмски јазици или работа со специјализиран софтвер се претпочитува кај работодавачите.
Најголема светска професионална организација која врши воспоставување на стандарди во високата технологија, едукација и истражувања е Институтот за инжинери по електротехника и електроника (The Institute of Electrical and Electronics Engineers – IEEE).
www.ieee.org
Во делот на неформалното образование, во Македонија работат неколку ИТ центри кои нудат едукација, тестирање и сертифицирање за курсеви кои се меѓународно признати.
Некои од ИТ центрите во Македонија кои нудат меѓународно признати обуки и тестирања се:
• Семос едукација, http://semosedu.com.mk/
• Сеавус образовен и развоен центар, http://www.sedc.mk

Важни квалитети

Аналитички вештини. Програмерите мора да ги анализираат потребите на корисниците и потоа да дизајнираат софтвер за да ги задоволат тие потреби.

Комуникациски вештини. Програмерите мора да бидат способни да дадат јасни упатства до другите кои работат на проект. Тие, исто така, мора да им објаснат на своите корисници како софтверот функционира и да одговори на сите прашања што се јавуваат.

Креативност. Програмерите се креативни умови зад новиот компјутерски софтвер.

Детално ориентирана. Програмерите често работат на многу делови од апликација или систем во исто време и затоа мора да бидат способни да се концентрираат и да обрнат внимание на деталите.

Интерперсонални вештини. Програмерите за апликации мора да бидат способни да работат добро со други кои придонесуваат за дизајнирање, развој и програмирање на успешен софтвер.

Вештини за решавање на проблеми. Бидејќи програмерите се задолжени за софтвер од почеток до крај, тие мора да бидат способни да ги решат проблемите што произлегуваат во текот на процесот на дизајнирање.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Програмерите за апликација пишуваат, тестираат и поддржуваат компјутерски програми и технички упатства за задоволување на потребите на корисниците на компјутерски софтверски апликации и оперативни системи.

Потребно образование при вработување

Високо образование

 

Лиценци за познавање на одредени програмски јазици или програмски пакет.

Просечна месечна нето заработувачка

61.994 МКД

Слободни работни местa

473