Програмери за апликација
Изгледи за вработување
Главна причина за очекуваниот раст за вработување на програмерите во иднина е брзиот раст на ИТ технологијата и големиот пораст на побарувачка за компјутерски софтвери. Потребите за нови апликации на смартфоните и таблетите ќе допринесат до зголемен раст на побарувачка на програмери на софверски апликации.
Разни индустрии имаат се поголема потреба од иновативни апликации со цел поефикасно да ги менаџираат и администрираат процесите дигитално.
Речиси сè денеска зависи од ИТ технологијата, па така и во иднина ќе има многу поголема побарувачка од програмери за апликации, развивачи на софтвер, како и за занимања поврзани со ИТ секторот.
Најдобри изгледи за вработување ќе имаат оние кои поседуваат знаења кои се во тек со најновите технологии и оние кои умеат да работат во еден или повеќе програмски јазици.
Во просек на годишно ниво, за периодот 2015-2019, бројот на регистрирани вработени изнесувал 2200 – 4400, притоа оваа бројка континуирано расте од година во година.
Програмерите за апликации се меѓу најбараните занимања. Во просек на месечно ниво, во текот на 2019 година имало 397 слободни места.
Слични занимања класифицирани на друго место:
• Развивачи на софтвер – 2512
Повеќе информации
За вработување:
https://e-rabota.avrm.gov.mk
За повици за активни мерки на пазарот на трудот или обуки:
www.avrm.gov.mk