ПРОГРАМЕРИ ЗА АПЛИКАЦИЈА

ПРОГРАМЕРИ ЗА АПЛИКАЦИЈА

Активности

Програмерите за апликација пишуваат, тестираат и поддржуваат компјутерски програми и технички упатства за задоволување на потребите на корисниците на компјутерски софтверски апликации и оперативни системи.

Задачите вклучуваат:
• изработка на програмски спецификации, извештаи и прирачници со упатства за методите на работа и одржување на опремата и програмска поддршка;
• ревизија и проширување на постоечките програми за зголемување на нивната оперативна ефикасност и прилагодување на новите барања;
• тестирање на работата на програмите и апликациите за да се утврди дали системот ги дава посакуваните информации;
• одржување на програмите и нивните документации при измена на влезните и излезните спецификации, односно составот на опремата;
• подготовка и пишување на документација во врска со програмата;
• идентификување на технички проблеми, процеси и решавање на проблемите;
• вршење на сродни работи;
• надзор на другите соработници.

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

2514.01 Програмер за анализа на програми
2514.02 Програмер
2514.03 Програмер на комуникации
2514.04 Проектант за апликации на програми

 

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

 

Задолженија на работното место

Програмерите за апликација пишуваат, тестираат и поддржуваат компјутерски програми и технички упатства за задоволување на потребите на корисниците на компјутерски софтверски апликации и оперативни системи.

Потребно образование при вработување

Високо образование

 

Лиценци за познавање на одредени програмски јазици или програмски пакет.

Просечна месечна нето заработувачка

31.207 МКД

Слободни работни местa

283 АВРМ