Планери на конференции и слични настани

Планери на конференции и слични настани

Како да станете планери на конференции и слични настани

Образование
Повеќето планерите на конференции и слични настани ги учат своите вештини преку обука на работното место или во текот на работното искуство. За ова занимање нема соодветно средно стручно формално образование, некои ресторани, кафетерии и хотели може да побараат претходно работно искуство или обука. Некои хотели, ресторани и кафетерии нудат сопствени програми за обука, кои не се сертифицирани во Центарот за образование на возрасни.

Средни училишта кои нудат формално образование најблиску до оваа квалификација односно училишта каде има формално образование за Техничар за анимации и настани:

1. СУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид и
2. СУГС „Лазар Танев“ – Скопје.

Важни квалитети
Комуникациски вештини. Планери на конференции и слични настани разменуваат информации со клиенти, и соработниците на настани. Тие мора да имаат одлични писмени и усни комуникациски вештини за да ги изразат потребите на нивните клиенти.
Интерперсонални вештини. Планери на конференции и слични настани мора да воспостават и одржуваат позитивни односи со клиенти и соработниците.

Преговарачки вештини. Планери на конференции и слични настани мора да можат да обезбедат квалитетни производи и услуги по разумни цени за нивните клиенти.
Организациски вештини. Планери на конференции и слични настани мораат да извршуваат повеќе задачи, да обрнат внимание на деталите и да ги исполнуваат кратките рокови.
Вештини за решавање на проблеми. Планери на конференции и слични настани мора да бидат во можност да ги предвидат потенцијалните проблеми и да подготват креативни решенија што ги задоволуваат клиентите.

Задолженија на работното место

Планерите на конференции и слични настани планираат, организираат и координираат услуги за конференции, конгреси, приредби, свечености, банкети, семинари, јубилеи и други слични настани и случувања.

Потребно образование при вработување

Средно образование

Просечна месечна нето заработувачка

31.165 МКД

Слободни работни местa

9