Планери на конференции и слични настани
Активности
Планерите на конференции и слични настани планираат, организираат и координираат услуги за конференции, конгреси, приредби, свечености, банкети, семинари, јубилеи и други слични настани и случувања.
Задачите вклучуваат:
- рекламирање на конференции, конвенции и организирање на изложби за
потенцијалните купувачи; - барање и давање на информации во поглед на услугите, ако е потребно, за
наемнина за простор, опрема, угостителски услуги, репрезентација и други
услуги; - одржување на состаноци со клиентите и дискутирање за потребните услуги и
можности во врска со нивните свечености; - аранжирање и координација на услугите и средствата како што се уреди за
сигнализација, проекција, опрема за звучни и визуелни ефекти, услуги околу
транспортот за настаните, подготвување на презентација и слично; - организација на уписнина со партиципација;
- преговарање за типот на услугите и цените во рамките на дозволениот буџет;
- надгледување на работните договори и поднесување на извештаи за варијациите на работните нарачки;
- вршење на сродни задачи;
- надзор на други работници;
Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:
3332.01 Секретар на организација
3332.02 Агент за културни приредби
3332.03 Агент за музички приредби
3332.04 Агент за театарски приредби
3332.05 Организатор на конгреси
3332.06 Организатор на конференции
3332.07 Организатор на културно – забавни приредби
3332.08 Планер на венчавки
3332.09 Агент за логистика
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)