Оператори за внес на податоци
Како да станете оператор за внес на податоци
Потребно е завршено средно образование со времетраење од четири години. Економските средни стручни училишта во Македонија нудат наставни програми за економско – правна и трговска струка, преку четиригодишната програма „ бизнис администратор “.
Од 2018 г., Министерството за труд и социјална политика го стандардизираше стандардот на занимање од областа на економија, право и трговија, кој можат подетално да се види на следниов линк:
- Оператори за внес на податоци
https://drive.google.com/file/d/1csvwJZmW9i3XmL1WIh_FFTqnMazUKXoZ/view
Јавни средни училишта кои нудат 4-годишни програми за асистент деловен администратор се:
- СРЕДНО ОПШТИНСКО ЕКОНОМСКО УЧИЛИШТЕ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Битола
- ОПШТИНСКО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „ЈОВЧЕ ТЕСЛИЧКОВ“ – Велес
- СРЕДНО ОПШТИНСКО ЕКОНОМСКО УЧИЛИШТЕ „ГОСТИВАР“ – Гостивар
- СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ПЕРО НАКОВ“- Куманово
- СРЕДНО ОПШТИНСКО ЕКОНОМСКО ПРАВНО ТРГОВСКО УЧИЛИШТЕ „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ“- Прилеп
- СРЕДНО ЕКОНОМСКО И ПРАВНО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „АРСЕНИ ЈОВКОВ“ – Скопје
- СРЕДНО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „ЦВЕТАН ДИМОВ“ – Скопје
- СРЕДНО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „ШАИП ЈУСУФ“ – Скопје
- СРЕДНО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „САРАЈ“ – Скопје
Обука
Во моментов не постојат верифицирани програми за операторите за внес на податоци.
За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за Операторите за внес на податоци кои може да се јават подоцна, посетете ја страницата на Центарот за образование на возрасни: http://cov.gov.mk/advanced-search/
За повици за активни мерки на пазарот на трудот: www.av.gov.mk
Важни квалитети
- Читање: Толкува и консолидира информации и податоци од голем број на извори, според дефинирани критериуми и барања, и врши проверка на точноста и комплетноста
- Пишување: Точно ја евидентира и пополнува организациската документација и преписки со користење на јасен јазик и правилен правопис, граматика и терминологија
- Вербална комуникација: Користи активно слушање и препрашување за да ги пренесе и појасни информациите и да го потврди разбирањето
- Нумеричка писменост: Врши математички пресметки, за да ги анализира финансиските податоци и статистика, и точно да ги процесира обновувањата
- Развојни текови во светот на работата: Ги почитува законските и регулаторните барања и јасните политики и процедури
- Интеракција со другите: Користи ограничен опсег на прифатени практики за комуникација во работната средина, доверлив е
- Завршување на работата: Планира и спроведува рутински задачи и обем на работа, донесувајќи ограничени одлуки за одредување на редоследот, времето и соработка, и бара помош во утврдување на приоритетите
- Одговара на предвидливите рутински проблеми прекуспроведување на стандардни или на логични решенија
- Користи дигитални технологии за пристап, внесување и чување на информациите потребни за завршување на работните задачи, печатари и скенери е голема предност.