Оператори за внес на податоци
Активности
Операторите за внес на податоци внесуваат нумерички или графички податоци во електронска опрема (дискети, дискови и магнетни ленти).
Задачите вклучуваат:
- внесување на нумерички податоци од изворниот материјал во компјутерска меморија
- внесување на графички податоци од изворниот материјал во компјутерска меморија;
- проверка на точноста и потполноста на внесените податоци, како и коригирање на внесените податоци, доколку е потребно;
- работа со машини за книговодство за да се забележат деловните трансакции;
- работа со електрични или рачни машини за аритметичко сметање;
- вршење на сродни задачи;
- надзор на други работници.
Оваа единица ги вклучува следните занимања:
4132.01 Оператори за внес на податоци
4132.02 Оператор со машина за оптичко читање
4132.03 Оператор за внес на ГИС податоци
4132.04 Оператор на книговодствена машина
4132.05 Оператор со машина за пресметување
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)