ИКТ Оператори

ИКТ Оператори

Работна средина

Според проценките од Анкетите на работна сила од 2017- 2022 година, бројот на ИКТ оператори се движи околу 210 вработени лица.

ИКТ оператори кои работат како изведувачи, честопати треба да патуваат – понекогаш и на долги растојанија – за да ги извршат потребните поправки.

Иако многу администратори на мрежни и компјутерски системи се вработени во фирми во индустријата за дизајнирање на компјутерски системи и сродни услуги, тие работат во различни средини. Некои може да администрираат системи и мрежи за финансиски фирми, а други работат во болници или канцеларии на локалната самоуправа.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Операторите на информациска и комуникациска технологија ја надгледуваат работата на воспоставените компјутерски системи и неговите делови, ракуваат со опрема за снимање, потхранување, пренос и обработка на дигитални податоци, како и нивно прикажување со бројки и букви или графички облик на екран, хартија или лента.

Потребно образование при вработување

Четиригодишно стручно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

25.954 МКД

Слободни работни местa

133