ИКТ Оператори

ИКТ Оператори

Активности

Операторите на информациска и комуникациска технологија ја надгледуваат работата на воспоставените компјутерски системи и неговите делови, ракуваат со опрема за снимање, потхранување, пренос и обработка на дигитални податоци, како и нивно прикажување со бројки и букви или графички облик на екран, хартија или лента.

Задачите вклучуваат:

  • водење на оперативни задачи, подготовка и надзор, како и обработка на деловни, научни, инженерски и други податоци;
  • ракување со централни компјутерски системи;
  • ракување со надворешни и сродни компјутерски опреми за снимање, пренос и обработка на дигитални податоци како и нивно прикажување во форма на букви и бројки или графички облик на екран, хартија или лента, според потребата на корисниците;
  • организирање на компјутерски работи според барањата на корисниците за да се обезбеди навремено, безбедно и ефикасно вршење;
  • монтирање на магнетни ленти и дискови според потребите на процесирањето и меморирањето на податоците во машински код и чување на библиотека на дискови и ленти;
  • водење дневник на компјутерски операции;
  • вршење на операции за добивање сигуроносни копии според прописите и постапките;
  • примена на знаења за начелата на ефикасност на компјутерската пракса и принципите на периферната опрема, за да се откријат и решат проблемите кои се појавуваат во текот на употребата, како и помали поправки и прилагодувања
  • надгледување на работата на опремата;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други работници.

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

3511.01 Контролор на оперативна подготовка на податоци

3511.02 Техничар – оператор

3511.03 Организатор за подготовка на податоци

3511.04 Администратор за обработка на податоци

 

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Операторите на информациска и комуникациска технологија ја надгледуваат работата на воспоставените компјутерски системи и неговите делови, ракуваат со опрема за снимање, потхранување, пренос и обработка на дигитални податоци, како и нивно прикажување со бројки и букви или графички облик на екран, хартија или лента.

Потребно образование при вработување

Четиригодишно стручно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

25.954 МКД

Слободни работни местa

133