Биолози, патолози, фармаколози, ботаничари, зоолози и сродни стручњаци
Задолженија на работно место
Биолозите, патолозите, фармаколозите, ботаничарите, зоолозите и сродните стручњаци спроведуваат истражувања, унапредуваат и развиваат знаења, теории и оперативни методи за работа врз живите организми и нивната интеракција со животната средина и применуваат научно знаење од областа на биологијата, патологијата, физиологијата, анатомијата, фармакологија, зоологијата, ботаниката, екологијата, молекуларната биологија, бактериологијата, генетиката, имунологијата и вирусологијата, особено на полето на медицината, земјоделството и индустријата.