Биолози, патолози, фармаколози, ботаничари, зоолози и сродни стручњаци

Биолози, патолози, фармаколози, ботаничари, зоолози и сродни стручњаци

Работна средина

Според проценките од Анкетите на работна сила од 2017-2022 година, просечниот бројот на биолози, патолози, фармаколози, ботаничари, зоолози и сродни стручњаци се движи од 350 – 1100 вработени лица.

Биолозите, патолозите, фармаколозите, ботаничарите, зоолозите и сродните стручњаци обично работат во лаборатории и канцеларии, каде вршат експерименти и ги анализираат резултатите. Некои работат и  на терен па  може да бидат изложени на временски непогоди.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Биолозите, патолозите, фармаколозите, ботаничарите, зоолозите и сродните стручњаци спроведуваат истражувања, унапредуваат и развиваат знаења, теории и оперативни методи за работа врз живите организми и нивната интеракција со животната средина и применуваат научно знаење од областа на биологијата, патологијата, физиологијата, анатомијата,  фармакологија, зоологијата, ботаниката, екологијата, молекуларната биологија, бактериологијата, генетиката, имунологијата и вирусологијата, особено на полето на медицината, земјоделството и индустријата.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

30,544 МКД

Слободни работни местa

79