Биолози, патолози, фармаколози, ботаничари, зоолози и сродни стручњаци

Биолози, патолози, фармаколози, ботаничари, зоолози и сродни стручњаци

Активности

Биолозите, патолозите, фармаколозите, ботаничарите, зоолозите и сродните стручњаци спроведуваат истражувања, унапредуваат и развиваат знаења, теории и оперативни методи за работа врз живите организми и нивната интеракција со животната средина и применуваат научно знаење од областа на биологијата, патологијата, физиологијата, анатомијата, фармакологија, зоологијата, ботаниката, екологијата, молекуларната биологија, бактериологијата, генетиката, имунологијата и вирусологијата, особено на полето на медицината, земјоделството и индустријата.

Задачите вклучуваат:

  • истражување, унапредување и развивање на поими, теории и оперативни методи за работа во одделни области;
  • проучување и изведување на експерименти кои се однесуваат на формата, структурата и останатите анатомски карактеристики на живите организми;
  • теренски истражувања и изведување на операторски експерименти за утврдување на биолошката разновидност и класификација на животните и растенијата, проучување на нивниот анатомски и физиолошки состав, потеклото, развојот, хемискиот состав и прилагоденоста на својот и физиолошкиот анатомски состав и однесување на животната средина;
  • проучување на меѓусебните врски помеѓу животинскиот и растителниот свет и факторите на човековата средина и давање на стручни совети на лицата од сродните дисциплини;
  • вршење експерименти на структурата и функциите на живите клетки за влијанието на физичките и хемиските фактори врз нормалните и абнормалните клетки и спроведување на истражувања во оваа област со употреба на специјализирана опрема;
  • проучување и изведување на експерименти поврзани со животните процеси и функции на човечките, животинските и растителните органи, ткива, клетки и системи под нормални и абнормални или посебни услови;
  • истражувања и експерименти кои се однесуваат на различни аспекти на дејствувањето на факторите на потекло, пренос и развој на наследните особини кај луѓето, животните и растенијата;
  • проучување и изведување на експерименти поврзани со влијанието на лековите и другите супстанции на ткива, органи и физиолошки процеси кај човекот и животните, како и унапредување на постоечките и развивање на нови лекови;
  • истражување на бактерии и вируси, нивното потекло, развојот и генетските особини и значењето за здравјето на луѓето;
  • експерименти на ткива и развивање на технологија на одгледување на клонирани растенија корисни во прехраната на луѓето и животните;
  • унапредување и создавање на индустриски, медицински и други примени на знаења во соодветните области;
  • изработка на научни трудови и пишување на извештаи;
  • извршување на сродни работи;
  • надзор на останатите соработници.

 

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

2131.01 Бактериолог

2131.02 Биолог

2131.03 Зоолог

2131.04 Енилог

2131.05 Ботаничар

2131.06 Молекуларен ботаничар

2131.07 Генетичар

2131.08 Микробиолог

2131.09 Имунолог

2131.10 Енолог

2131.11 Орнитолог

2131.12 Паразитолог

2131.13 Хидробиолог

2131.14 Цитолог

2131.15 Хистолог

2131.16 Ембриолог

2131.17 Молекуларен биолог

2131.18 Радиобиолог

2131.19 Биофизичар

2131.20 Биохемичар

2131.21 Физиолог

2131.22 Анатом

2131.23 Ендокринолог

2131.24 Епидемиолог

2131.25 Фармаколог

2131.26 Кинезиолог

2131.27 Патофизиолог

2131.28 Патолог

2131.29 Токсиколог

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Биолозите, патолозите, фармаколозите, ботаничарите, зоолозите и сродните стручњаци спроведуваат истражувања, унапредуваат и развиваат знаења, теории и оперативни методи за работа врз живите организми и нивната интеракција со животната средина и применуваат научно знаење од областа на биологијата, патологијата, физиологијата, анатомијата,  фармакологија, зоологијата, ботаниката, екологијата, молекуларната биологија, бактериологијата, генетиката, имунологијата и вирусологијата, особено на полето на медицината, земјоделството и индустријата.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

30,544 МКД

Слободни работни местa

79