Планери на конференции и слични настани
Работна средина
Според проценките од Анкетите на работна сила од 2017-2022 година, просечниот број на планери на конференции и слични настани се движи околу 210 лица.
Планерите на конференции и слични настани поминуваат време во своите канцеларии и на локации на настани, како што се хотели и конгресни центри. Тие мораат редовно да патуваат за да присуствуваат на настаните што ги организираат и да ги посетуваат местата за состаноци.
Работата на планери на конференции и слични настани може да биде брза и бара истовремено да надгледуваат многу аспекти на настанот. Истотака се соочуваат со бројни рокови, а може да координираат повеќе состаноци или настани истовремено.
