ПОМОШНИЦИ ВО ПРОДАЖБАТА ВО ПРОДАВНИЦА

ПОМОШНИЦИ ВО ПРОДАЖБАТА ВО ПРОДАВНИЦА

Како да станете продавач/ка

Образование

Иако за продажните позиции вообичаено нема барање за формално образование, работодавачите претпочитаат кандидати со завршено средно образование. Работодавачите кои продаваат технички производи, како што се електроника или автомобили, претпочитаат помошници во продажбата во продавница со завршен технички курс.

Од 2015 г., одредени сродни занимања се стандардизирани:

Продавач/ка преку телефон

http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/ekonomska_prodtelemark.pdf

Продавач/ка – демонстратор/ка

http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/ekonomska_proddemonstrat.pdf

Средните стручни училишта нудат (тригодишни) образовни програни, кои се акредитирани од страна на Центарот за стручно образование и обука:

Средни стручни училишта што нудат 3 годишни програми за продавачи (повик 2017/2018):

  1. Средно општинско училиште „Јовче Тесличков“ – Велес
  2. Средно економско и правно општинско училиште „Кузман Јосифовски Питу“ – Прилеп
  3. Средно општинско училиште „Коста Сусинов“ – Радовиш
  4. Средно училиште на Град Скопје „Цветан Димов“ – Скопје

Агенцијата за вработување нуди кратки курсеви за обука за ова занимање. Повеќе информации може да најдете тука.

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.avrm.gov.mk

Обука

Повеќето продавачи добиваат обука на работното место, која вообичаено трае од неколку дена до неколку месеци. Во малите продавници, често, искусните вработени ги обучуваат нововработените. Во големите продавници, програмите за обука се поформални и вообичаено се спроведуваат во текот на неколку дена. Темите опфаќаат кориснички услуги, безбедност, политики и процедури на продавницата, и работа со каса.

Зависно од видот на производот што се продава, вработените може да добијат и дополнителна специјализирана обука. На пример, продавачите на козметика добиваат упатства за видот на производите што ги нуди продавницата и за кого би била најкорисна козметиката. Слично, лицата што продаваат компјутери може да добијат инструкции за техничките разлики меѓу компјутерската опрема.

Бидејќи обезбедувањето исклучително добра услуга на корисниците е приоритет за голем број работодавачи, вработените често поминуваат периодична обука за надградување и подобрување на своите вештини.

Напредување

Вообичаено, продавачите имаат можност да напредуваат на надзорни или раководни позиции. Некои работодавачи бараат кандидатите за раководни позиции да имаат завршено високо образование. Како што се стекнуваат со искуство и стаж, помошниците во продажбата во продавница, често, преминуваат на позиции со поголема одговорност и може да бираат оддел во кој би сакале да работат. Оваа можност најчесто значи преминување на позиции со повисоки потенцијални примања.

Потребни вештини

Услужување на клиентите. Продавачите мора да одговараат на потребите на клиентите. Тие треба да ги објаснат достапните производи на клиентите и да дадат соодветни препораки.

Меѓучовечка комуникација. Пријателскиот и пријатен карактер е важен за овие работници, бидејќи работното место бара речиси постојана интеракција со луѓе.

Математички вештини. Продавачите треба да пресметуваат вкупна цена, попусти и остаток кој треба да се врати на клиентите.

Упорност. Голем број обиди за продажба може да завршат со неуспех, затоа продавачите не треба лесно да се обесхрабруваат. Тие мора секој нов обид за продажба да го почнат со позитивен став.

Вештини за продажба. Продавачите мора да бидат убедливи кога комуницираат со клиенти. Тие мора јасно и ефективно да ги објаснат придобивките од стоката.

 

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Продавачите во продавница се вклучени во директна продажба на производи и услуги или во име на малопродажни или големопродажни претпријатија. Тие ги објаснуваат функциите и квалитетите на производите и услугите.

Потребно образование при вработување

  • Тригодишно стручно образование
  • Основно образование и обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

18.831 МКД

Слободни работни местa

113