ПОМОШНИЦИ ВО ПРОДАЖБАТА ВО ПРОДАВНИЦА
Изгледи за вработување
Продажбата преку интернет бележи голем пораст во последните години, и се очекува овој тренд да продолжи. Се предвидува дека продажбата преку интернет ќе има одредено влијание врз малопродажната индустрија. На пример, книжарниците и продавниците за мултимедијални производи најверојатно ќе забележат најголем пад поради конкуренцијата на интернет.
Во суштина, иако клиентите го зголемуваат купувањето на мало преку интернет, тие ќе продолжат поголемиот дел од набавките на мало да ги вршат во продавници. Во продавниците ќе бидат потребни продавачи за да им помогнат на клиентите и да ја реализираат продажбата.
Во просек на годишно ниво, за периодот 2017-2022 г., бројот на регистрирани вработени помошници во продажбата во продавница изнесувал околу 1250 и бележи тренд на зголемување.
Слични занимања (од ISCO)
▪ Директори на претпријатија за трговија на големо и мало – 1420
▪ Продавач во киоск – 5211
▪ Продавач на пазар – 5211
▪ Продавач на улична тезга – 5211
▪ Улични продавачи на прехранбени производи – 5212
▪ Управител на продавница – 5221
▪ Касиери и продавачи на билети – 5230
▪ Послужувачи на храна и помош на присутните – 5246
Повеќе информации
За вработување: