Пекари, слаткари и сродни занимања

Пекари, слаткари и сродни занимања

Работна средина

 

Пекарите работат во производни капацитети каде што се приготвуваат леб, бели печива и други пекарски производи. Во таквите капацитети, пекарите користат бучни машини за мешање, печки и друга опрема, кои може да бидат автоматизирани, за масовно производство на стандардизирани пекарски производи.  Тие внимателно ги следат упатствата за производство, вклучувајќи го времето и рецептите.

Пекарите во малопродажба работат главно во прехранбени и специјализирани продавници (на пример, бурекџилници). Тие произведуваат помали количини на пекарски производи за луѓето што јадат во објектот или за продажба на пекарски специјалитети. Малопродажните пекари може да примаат нарачки од клиентите, приготвуваат пекарски производи според нарачките, и повремено ги послужуваат клиентите. Иако количините што се произведуваат и продаваат во овие продавници се мали, вообичаено се приготвуваат во различни вкусови и големини. Повеќето малопродажни пекари се одговорни за чистење на работната површина и опремата, и за растоварување на залихите.

Некои малопродажни пекари поседуваат пекарници или други видови претпријатија каде што приготвуваат и продаваат леб, бели печива, пити, и други пекарски производи. Покрај приготвувањето пекарски производи и следење на целокупниот процес на печење, тие се одговорни за вработување, обука и надзор на персоналот. Тие мора да подготвуваат буџет и да нарачуваат залихи, да поставуваат цени и да одлучуваат за количините што ќе се произведуваат секој ден.

Работата може да биде стресна бидејќи пекарите следат пекарски процедури врзани со време и често работат со строги рокови. На пример, пекарите мора да следат дневни распореди за производство за да приготват доволни количини од производот, а притоа да го задржат стандардниот квалитет. Во производствените капацитети, често работат со други работници во производство, како што се помошници и персонал за одржување, за да осигурат дека опремата е чиста и подготвена.

Пекарите се изложени на високи температури кога работат покрај жешки печки. Стојат на нозе со часови, следејќи го процесот на печење, приготвувајќи го тестото или чистејќи ја опремата за печење.

 

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Пекарите мешаат состојки според рецепти за да приготват леб, бели печива, и други пекарски производи. Пекарите произведуваат различни видови и количини леб, бели печива и други пекарски производи наменети за продажба во продавници, големопродажни капацитети, ресторани и објекти за продажба на храна во рамки на институции. Некои пекари создаваат нови рецепти.

Потребно образование при вработување

  • Тригодишно стручно образование
  • Основно образование и сертификат
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

19.034 МКД

Слободни работни местa

169