Пекари, слаткари и сродни занимања
Активности
Пекарите и слаткарите приготвуваат различни видови леб, торти и други производи од брашно, како и рачно изработени слатки.
Пекарите:
- приготвуваат леб, торти, бисквити, бели печива, пити и други производи од брашно;
- рачно приготвуваат слатки од мешавини на шеќер, чоколада и други состојки, со помош на рачни алатки и машини;
- го проверуваат квалитетот на суровините и ги почитуваат професионалните здравствени и безбедносни прописи и спецификации за производство;
- комбинираат мерки и состојки во садови за мешање или машини;
- ги премачкуваат производите со заштитни глазури на природна основа;
- ја контролираат температурата во печките при печење на производите;
- ја координираат и организираат дистрибуцијата и продажбата на производите;
- извршуваат сродни задачи;
- вршат надзор врз други работници.
Занимањата во оваа група вклучуваат:
7512.01 Пекарски работоводител
7512.02 Пекар
7512.03 Пекар, мајстор
7512.04 Бурекчија
7512.05 Слаткар
7512.06 Слаткар, мајстор
7512.07 Тестеничар
7512.08 Изработувач на бели печива
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)