ПЕКАРИ
Просечна месечна нето заработувачка
13.175 МКД
Заработувачка
Просечната месечна нето заработувачка за споредната група преработувачи на храна и сродни занимања каде припаѓа занимањето пекар, изнесувала 13.175 денари во октомври 2014 година. Според статистиката на Агенцијата за вработување, во 2016 година, околу 88 проценти од огласите за пекари се однесувале за вработувања со полно работно време.
(Извор: Државен завод за статистика, Анкета за структура на заработувачката, 2014 г. и Агенција за вработување)
Пекарите што работат во комерцијални пекарници, кои постојано нудат производи, може да работат доцна навечер, за време на викенди и празници.