КЕЛНЕР
Работна средина
Поголемиот дел од времето, келнерите го минуваат на нозе и често носат тешки послужавници со храна, садови и пијалаци. Работата може да биде напорна и со брзо темпо. Во текот на периодите со многу работа, тие се под притисок да ги послужат гостите брзо и ефикасно. Мора да работат тимски со персоналот од кујната за да осигурат дека гостите ќе добијат навремена услуга.
Изгледот е важен, бидејќи келнерите се лицата со кои се сретнуваат клиентите во локалите за послужување храна и пијалаци. Оние што работат во отмени и реномирани ресторани можеби треба да носат униформи, вклучувајќи вратоврска или престилки, кои вообичаено ги обезбедува работодавачот.
