Градежни архитекти

Градежни архитекти

Распоред на работата

Најголем дел од градежните архитекти работат со полно работно време. Честопати се случува да работат прекувремено за да ги испочитуваат крајните рокови кај клиентите.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Градежните архитекти спроведуваат истражувања, советуваат, планираат и дизајнираат, водат изградба, стручно надгледуваат, водат работи на одржување во областа на високоградбата (станбени, деловни и индустриски згради, болници и слично) го контролираат процесот на вградување инсталации. Тие воспоставуваат програми за координација на градежните активности и ја оценуваат ефикасноста на трошоците и безбедноста при градењето.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

30.842 МКД

Слободни работни местa

63