Градежни архитекти

Градежни архитекти

Работна средина

Архитектите поминуваат голем дел од своето време во канцеларии, каде што се среќаваат со клиенти, развиваат извештаи и цртежи и работат со други архитекти и инженери.  Има толку многу аспекти во кои се вклучуваат архитектите, дел од она што го прават е да планираат, дизајнираат, надгледуваат, развиваат и одржуваат јавни и приватни инфраструктурни проекти и системи што можат да вклучуваат патишта, згради, аеродроми, тунели, брани, мостови, водоснабдување , како и системи за третман на отпадни води и многу други.

Некои градежни архитекти можат да бидат вклучени во сите фази на градежен проект, од првичната дискусија со клиентот, до крајната достава на завршената структура. Значи, нивните должности бараат специфични вештини – дизајнирање, инженеринг, управување, надзор и комуникација со клиенти и градители.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Градежните архитекти спроведуваат истражувања, советуваат, планираат и дизајнираат, водат изградба, стручно надгледуваат, водат работи на одржување во областа на високоградбата (станбени, деловни и индустриски згради, болници и слично) го контролираат процесот на вградување инсталации. Тие воспоставуваат програми за координација на градежните активности и ја оценуваат ефикасноста на трошоците и безбедноста при градењето.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

30.842 МКД

Слободни работни местa

63