Градежни архитекти

Градежни архитекти

Активности

Градежните архитекти спроведуваат истражувања, советуваат, планираат и дизајнираат, водат изградба, стручно надгледуваат, водат работи на одржување во областа на високоградбата (станбени, деловни и индустриски згради, болници и слично) го контролираат процесот на вградување инсталации. Тие воспоставуваат програми за координација на градежните активности и ја оценуваат ефикасноста на трошоците и безбедноста при градењето.

 

Задачите вклучуваат:

  • развој и унапредување на постоечките архитектонски теории и методи;
  • водење на изработката на проекти и проектирање во високоградбата,
    дизајнирање на паркови и пејзажна архитектура, изработка на
    архитектонски проекти за останатите градби (пумпни станици и слично);
  • усогласување на проектите со јавните и другите интереси во постапката за
    добивање на градежна дозвола; • конзервирање и ревитализација на
    споменици на културата;
  • конципирање на градби на високоградба, изработка на идејни решенија и
    проекти, изработка на студии, како и истражување, консултации и други
    активности како основа за изработка на главниот проект и помош на
    инвеститорот и донесување на одлуки поврзани со вложувања во
    инвестицискиот потфат;
  • надзор на проекти за заштита од бучава и вибрации, топлотна заштита и
    заштеда на енергија;
  • проучување на функционални извештаи и организациски графикони за да се утврдат функциите и одговорностите на работниците и работните единици;
  • давање на советодавни услуги во сите фази на изградба;
  • проучување на технолошките аспекти на одделни градежни производи,
    надзор и осигурување на квалитетот и советување во врска со нив;
  • стручен надзор на градбите во високоградба;
  • одржување на техничка соработка и советување со другите релевантни
    стручњаци;
  • изработка на научни трудови и пишување на извештаи;
  • вршење на сродни работи;
  • надзор на останатите соработници.

 

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

2161.01  Архитект

2161.02  Инженер за архитектура

2161.03  Архитект – проектант

2161.04  Архитект – конзерватор

2161.05  Архитект – истражувач

 

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Градежните архитекти спроведуваат истражувања, советуваат, планираат и дизајнираат, водат изградба, стручно надгледуваат, водат работи на одржување во областа на високоградбата (станбени, деловни и индустриски згради, болници и слично) го контролираат процесот на вградување инсталации. Тие воспоставуваат програми за координација на градежните активности и ја оценуваат ефикасноста на трошоците и безбедноста при градењето.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

30.842 МКД

Слободни работни местa

63