Градежни архитекти
Како да станете градежен архитект
Образование
Вообичаено се бара градежните архитекти да имаат завршено високо образование на некој од архитектонските факултети во Република Северна Македонија или странство. Покрај универзитетско образование, повеќето претпријатија претпочитаат практично искуство во кои работат. Вообичаено е факултетите да им помагаат на студентите да се стекнат со практично искуство во текот на летото или со практиканство на скратено работно време во фирми, како дел од нивните студиски програми.
Градежни архитекти потребно е да поседуваат знаења и вештини во секторот во кој работат.
Листа на државни и приватни универзитети кои имаат акредитирани студиски програми во областа, може да се најдат тука:
http://www.mon.gov.mk/index.php/dokumenti/akreditacii
Важни квалитети
Аналитички вештини. Градежните архитекти мора да ја разберат содржината на дизајните и контекстот во кој тие се создадени.
Комуникациски вештини. Градежните архитекти ги споделуваат своите идеи, и во пишана и во усна форма, со клиенти, други архитекти и работници кои помагаат во подготовката на цртежите. Многумина исто така даваат презентации за да ги објаснат своите идеи и дизајни.
Креативност. Градежните архитекти го дизајнираат целокупниот изглед на куќите, зградите и другите структури. Тие мора да се погрижат финалниот производ да биде привлечен и функционален.
Организациски вештини. Градежните архитекти често управуваат со договорите. Затоа, тие мора да водат евиденција поврзана со деталите на проектот, вклучувајќи ги вкупните трошоци, употребените материјали и напредокот.
Вештини за визуелизација. Градежните архитекти мора да бидат способни да замислат како деловите на структурата се поврзани едни со други. Тие, исто така, мора да бидат способни да визуелизираат како ќе изгледа целокупната зграда откако ќе биде завршена.
