Градежни архитекти

Градежни архитекти

Изгледи за вработување

Се очекува да бидат потребни архитекти за да се направат планови и дизајни за изградба и реновирање на домови, училишта, здравствени установи и други структури, особено во областа на одржливиот дизајн. Сепак, подобрениот софтвер за моделирање на информации за згради (BIM) и мерната технологија се очекува да ја зголемат продуктивноста на архитектите, а со тоа да го ограничат растот на вработеноста за овие работници.

Во просек на годишно ниво, за периодот 2017-2022, бројот на регистрирани вработени се движи околу 1200 вработени лица.

 

Слични занимања класифицирани на друго место:

  1. Архитекти за просторно уредување
  2. Дизајнери на производи и облека
  3. Планери на урбани средини и сообраќајни инженери
  4. Инженери за геодезија и картографија
  5. Графички и мултимедија дизајнери

 

Повеќе информации

За вработување:

https://e-rabota.av.gov.mk

 

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.av.gov.mk

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Градежните архитекти спроведуваат истражувања, советуваат, планираат и дизајнираат, водат изградба, стручно надгледуваат, водат работи на одржување во областа на високоградбата (станбени, деловни и индустриски згради, болници и слично) го контролираат процесот на вградување инсталации. Тие воспоставуваат програми за координација на градежните активности и ја оценуваат ефикасноста на трошоците и безбедноста при градењето.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

30.842 МКД

Слободни работни местa

63