Возачи на подвижни земјоделски и шумарски машини
Како да станете возачи на подвижни земјоделски и шумарски машини
Потребно е завршено средно стручно образование 3 степен или обука на работно место во текот на работното искуство. Исто така задолжително е поседување на соодветна дозвола за управување на моторно возило.
Средни стручни училишта што нудат 3 годишни програми за – ракувач со земјоделска механизација (повик 2019/2020):
- Средно општинско училиште Орде Чопела – Прилеп
- Средно општинско училиште Кочо Рацин – Свети Николе
Обука и сертификати
Повеќето возачи на подвижни земјоделски и шумарски машини ги учат своите вештини преку обука на работно место односно во текот на работното искуство.
Од 2018год., неколку сродни занимања со возачите на подвижни земјоделски и шумарски машини се стандардизирани од страна на Министерството за труд и социјална политика, а потребните вештини и знаење се наведени во продолжние:
- Ракувач со земјоделска механизација
https://drive.google.com/file/d/1sGk1Vrlg9IwctkjBqUnNhCXnDkOVItUM/view
- Ракувач со земјоделска опрема
https://drive.google.com/file/d/1rYQKJ-ka9wGQIJKvS2c-y8JMPeNc2ppk/view
Важни квалитети
- Поседува практични и креативни вештини за утврдување на дневни работни обврски и работни задачи за работа со механизација
- Ги обработува површините за одгледување на земјоделски култури
- Извршува работни задачи во земјоделското производство: подготовка на почвата, сеидба и садење
- Користи механизација во одгледување и негување на растенијата во сите развојни фази: дополнителна обработка, прихранување, полевање, проредување и заштита од болести и штетници
- Применува принципи на користење на механизацијата во конвенционално и органско производство
- Поседува практични и креативни вештини за користење на механизацијата во шумарството
- Го контролира квалитет на работата во сите производни фази, гарантира за квалитетот на сопствената работа и за квалитетот на извршените операции со земјоделска механизација
- Редовно ја контролира исправноста, врши регулација, помали поправки, замена на оштетени делови и одржување на механизација, апарати и алати
Применува заштита на производните ресурси, работи согласно прописите за заштита на здравјето и околината, користи средства и опрема за лична заштита и заштита на здравјето и околината, ги заштитува водните ресурси и животната средина.
