Возачи на подвижни земјоделски и шумарски машини

Возачи на подвижни земјоделски и шумарски машини

Активности

Возачите на подвижни земјоделски и шумарски машини управуваат, насочуваат, возат и надгледуваат еден или повеќе видови моторизирани подвижни машини и опрема што се користат во земјоделството или во шумарството.

Задачите вклучуваат:

  • возење и управување на трактори или земјоделски машини на сопствен погон, за орање, сеење, жнеење, балирање или слична опрема влечена од трактор;
  • возење и управување на трактори или шумарски машини за чистење, садење, корнење, сечење и превоз на дрво или некоја друга посебна намена;
  • подготовка на машинеријата за работа;
  • проценување на тежината што се транспортира со цел да не се надминат ограничувањата за тежина;
  • проверка на системите за кочење, осветлување, сигнализирање и друга опрема на машините пред да бидат стартувани;
  • водење на евиденција за работата на машините;
  • одржување на машините, чистење и ситни поправки;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на другите вработени.

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

8341.01 Земјоделски тракторист

8341.02 Шумски тракторист

8341.03 Возач на земјоделски машини

8341.04 Возач на тешка шумска механизација

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

 

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Возачи на подвижни земјоделски и шумарски машини Возачите на подвижни земјоделски и шумарски машини управуваат, насочуваат, возат и надгледуваат еден или повеќе видови моторизирани подвижни машини и опрема што се користат во земјоделството или во шумарството.

Потребно образование при вработување

Средно стручни образование 3 степен и соодветна возачка дозвола

Просечна месечна нето заработувачка

28.722 МКД

Слободни работни местa

14