Возачи на подвижни земјоделски и шумарски машини

Возачи на подвижни земјоделски и шумарски машини

Како да станете возачи на подвижни земјоделски и шумарски машини

Потребно е завршено средно стручно образование 3 степен или обука на работно место во текот на работното искуство. Исто така задолжително е поседување на соодветна дозвола за управување на моторно возило.

Средни стручни училишта што нудат 3 годишни програми за – ракувач со земјоделска механизација  (повик 2019/2020):

  • Средно општинско училиште Орде Чопела – Прилеп
  • Средно општинско училиште Кочо Рацин – Свети Николе

Обука и сертификати

Повеќето возачи на подвижни земјоделски и шумарски машини  ги учат своите вештини преку обука на работно место односно во текот на работното искуство.

Од 2018год., неколку сродни занимања со возачите на подвижни земјоделски и шумарски машини се стандардизирани од страна на Министерството за труд и социјална политика, а потребните вештини и знаење се наведени во продолжние:

  • Ракувач со земјоделска механизација

https://drive.google.com/file/d/1sGk1Vrlg9IwctkjBqUnNhCXnDkOVItUM/view

  • Ракувач со земјоделска опрема

https://drive.google.com/file/d/1rYQKJ-ka9wGQIJKvS2c-y8JMPeNc2ppk/view

Важни квалитети

  • Поседува практични и креативни вештини за утврдување на дневни работни обврски и работни задачи за работа со механизација
  • Ги обработува површините за одгледување на земјоделски култури
  • Извршува работни задачи во земјоделското производство: подготовка на почвата, сеидба и садење
  • Користи механизација во одгледување и негување на растенијата во сите развојни фази: дополнителна обработка, прихранување, полевање, проредување и заштита од болести и штетници
  • Применува принципи на користење на механизацијата во конвенционално и органско производство
  • Поседува практични и креативни вештини за користење на механизацијата во шумарството
  • Го контролира квалитет на работата во сите производни фази, гарантира за квалитетот на сопствената работа и за квалитетот на извршените операции со земјоделска механизација
  • Редовно ја контролира исправноста, врши регулација, помали поправки, замена на оштетени делови и одржување на механизација, апарати и алати

Применува заштита на производните ресурси, работи согласно прописите за заштита на здравјето и околината, користи средства и опрема за лична заштита и заштита на здравјето и околината, ги заштитува водните ресурси и животната средина.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Возачи на подвижни земјоделски и шумарски машини Возачите на подвижни земјоделски и шумарски машини управуваат, насочуваат, возат и надгледуваат еден или повеќе видови моторизирани подвижни машини и опрема што се користат во земјоделството или во шумарството.

Потребно образование при вработување

Средно стручни образование 3 степен и соодветна возачка дозвола

Просечна месечна нето заработувачка

28.722 МКД

Слободни работни местa

16