Техничари за геодезија, градежништво и сродни занимања

Техничари за геодезија, градежништво и сродни занимања

Слободни работни места

Според податоците од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, просечниот број на слободни работни места кај ова занимање, на месечно ниво, за периодот јануари-декември 2022 година изнесува 63. За повеќе информации и за пристап до огласите за слободни работни места посетете ја страницата на АВРСМ на следниот линк:

http://www.av.gov.mk/

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Техничарите за геодезија, градежништво и сродни занимања ја водат градбата, односно одделни задачи, како и проектираат и вршат стручен надзор, разработуваат проекти и вршат други технички задачи поврзани со наведеното, водат погони на градилишта или во производството на готови градежни производи (бетонски градежни елементи, материјал за градење на патишта, бетон), водат или вршат други технички задачи при одржување и истражување во градежништвото. Геодетските инженери и техничари вршат технички работи поврзани со истражувања во геодезијата: проектирање, снимање, катастарска евиденција и друго.

Потребно образование при вработување

Средно образование

Просечна месечна нето заработувачка

29.889 МКД

Слободни работни местa

63