Техничари за геодезија, градежништво и сродни занимања

Техничари за геодезија, градежништво и сродни занимања

Работна средина

Техничари за геодезија, градежништво и сродни занимања работат надвор интензивно и можат да бидат изложени на сите видови временски услови. Некои од нив работат првенствено во затворени простории на компјутери. Повеќето работат за фирми кои обезбедуваат инженерски, геодетски и други услуги поврзани со истражувања во геодезијата: проектирање, снимање, катастарска евиденција и друго.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Техничарите за геодезија, градежништво и сродни занимања ја водат градбата, односно одделни задачи, како и проектираат и вршат стручен надзор, разработуваат проекти и вршат други технички задачи поврзани со наведеното, водат погони на градилишта или во производството на готови градежни производи (бетонски градежни елементи, материјал за градење на патишта, бетон), водат или вршат други технички задачи при одржување и истражување во градежништвото. Геодетските инженери и техничари вршат технички работи поврзани со истражувања во геодезијата: проектирање, снимање, катастарска евиденција и друго.

Потребно образование при вработување

Средно образование

Просечна месечна нето заработувачка

29.889 МКД

Слободни работни местa

63