Техничари за геодезија, градежништво и сродни занимања

Техничари за геодезија, градежништво и сродни занимања

Распоред на работата

Најголем дел од  техничари за геодезија, градежништво и сродни занимања работат со полно работно време. Честопати се случува да работат прекувремено за да ги испочитуваат крајните рокови кај клиентите. Може да работат дополнителни часови во текот на летото, кога временските  услови се најпогодни за теренска работа. Работата поврзана со градежништвото може да биде ограничена за време на непогодни временски услови.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Техничарите за геодезија, градежништво и сродни занимања ја водат градбата, односно одделни задачи, како и проектираат и вршат стручен надзор, разработуваат проекти и вршат други технички задачи поврзани со наведеното, водат погони на градилишта или во производството на готови градежни производи (бетонски градежни елементи, материјал за градење на патишта, бетон), водат или вршат други технички задачи при одржување и истражување во градежништвото. Геодетските инженери и техничари вршат технички работи поврзани со истражувања во геодезијата: проектирање, снимање, катастарска евиденција и друго.

Потребно образование при вработување

Средно образование

Просечна месечна нето заработувачка

29.889 МКД

Слободни работни местa

63