Техничари за геодезија, градежништво и сродни занимања
Активности
Техничарите за геодезија, градежништво и сродни занимања ја водат градбата, односно одделни задачи, како и проектираат и вршат стручен надзор, разработуваат проекти и вршат други технички задачи поврзани со наведеното, водат погони на градилишта или во производството на готови градежни производи (бетонски градежни елементи, материјал за градење на патишта, бетон), водат или вршат други технички задачи при одржување и истражување во градежништвото. Геодетските инженери и техничари вршат технички работи поврзани со истражувања во геодезијата: проектирање, снимање, катастарска евиденција и друго.
Задачите вклучуваат:
- техничка помош при научни и други истражувања;
- учествување на теренски или лабораториски испитувања на градежни материјали, производи и конструкции;
- водење на градилишта или одделни работи во градилишта, спроведување на одржување на градбите;
- водење на документација на градилишта (градежни книги, градежен дневник, термински планови, документација за испитување и слично);
- прикажување на состојбата на градилиштата на архитектите и градежните инженери за да се утврди дали тоа ги задоволува спецификациите на проектот и за да се одржи саканиот стандард на материјалот и работата;
- применување на техничко знаење при изградба на зграда и решавање на настанатите проблеми;
- анализа на цените, калкулациите, пресметка на основиците за плаќање на работникот, проверка на извршените задачи, проектирање и изработка на проекти;
- изработка на делови за просторен план;
- поддршка на инженерите во изработката на картографски и топографски планови и карти, мерење и пренос на проектите на терен, одржување на геодетските и катастарските технички документации;
- технички работи во производството на готови градежни производи (бетонски градежни елементи, материјал за градење на патишта и слични материјали);
- собирање и распределување на примероци од градежни конструкции или материјали на испитување;
- вршење на сродни задачи;
- надзор на други работници.
Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:
3112.01 Архитектонски техничар
3112.02 Виш градежен техничар
3112.03 Градежен техничар
3112.04 Градежен техничар за високоградба
3112.05 Градежен техничар за нискоградба
3112.06 Градежен техничар за хидроградба
3112.07 Градежен техничар калкулант
3112.08 Градежен техничар проектант
3112.09 Градежно-архитектонски техничар
3112.10 Надзорен техничар за канали и мостови
3112.11 Надзорник на градежни работи
3112.12 Картограф
3112.13 Геодетски техничар
3112.14 Геодетски техничар – реститутор
3112.15 Геодетски техничар – фотограметар
3112.16 Геодетски техничар за елаборати
3112.17 Геодетски техничар за катастар
3112.18 Геодетски техничар за катастар на водовод
3112.19 Геодетски техничар за хидрографија
3112.20 Геодетски техничар за евиденција на просторни единици
3112.21 Геодетски техничар за евиденција на државната сопственост
3112.22 Техничар за пејзажна архитектура
3112.23 Геометар
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)