СЛУЖБЕНИЦИ ВО КНИГОВОДСТВО
Работна средина
Книговодителите работат во канцеларии, како вработени во комерцијални претпријатија, јавни институции, профитни и непрофитни субјекти, или самостојно, обезбедувајќи книговодствени услуги на клиентите. Понекогаш може да ги посетуваат објектите, просториите и канцелариите на клиентите. Работата ја извршуваат самостојно, но понекогаш соработуваат со сметководители, раководители и ревизори од други одделенија.
