СЛУЖБЕНИЦИ ВО КНИГОВОДСТВО
Активности
Службениците во сметководството и книговодството обработуваат податоци во одделни аналитички книговодства или изработуваат финансиски извештаи кои служат за книжење во книговодството.
Книговодителите:
- книжат во книговодство;
- вршат неопходни пресметки;
- извршуваат други ограничени сметководствени и книговодствени задачи;
- спроведуваат едноставна контрола и ја комплетираат документацијата која произлегува од деловните односи;
- прават пресметки со компјутерски програми, ги чуваат и анализираат информациите;
- калкулираат, подготвуваат и користат финансиски пресметки во претпријатијата;
- подготвуваат и вршат ревизија на основни финансиски извештаи, кои се однесуваат на сметки, трошоци, побарувања и обврски, добивка и загуба;
- пресметуваат производствени трошоци по единица производ;
- пресметуваат плати според одработените часови или работа извршена од вработени поединци;
- извршуваат сродни задачи;
- вршат надзор врз други работници.
Оваа единица ги вклучува следните занимања:
4311.01 Книговодител на залихи
4311.02 Финансов книговодител
4311.03 Материјален книговодител
4311.04 Контер
4311.05 Ликвидатор
4311.06 Службеник во книговодство
4311.07 Економски книговодител
4311.08 Калкулант
4311.09 Економски техничар
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)