Градежни инженери
Распоред на работата
Според податоците на Агенцијата за вработување во 2019 година, 77 % од вработените градежни инженери биле со полно работно време. Градежните инженери кои ги насочуваат проектите можеби ќе треба да работат дополнителни часови за да го следат напредокот на проектите, за да осигураат дека дизајните ги исполнуваат условите и да гарантираат дека роковите се исполнети.
Според податоците на Kомората на овластени архитекти и инженери, во текот на 2018 година, во одделението за градежни инженери имало 1230 активни членови .