ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ

ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ

Активности

Градежните инженери спроведуваат статички и сеизмички пресметки, анализи и  истражувања, советуваат, дизајнираат  сообраќајници (вклучувајки мостови и тунели), хидроградби (вклучувајки хидротехнички и други тунели), како и конструкции од високоградба, водат изградба на сите градби, спроведуваат стручен надзор, планираат и водат одржување на градбите (патишта, железници, водостопански градби и слично), советуваат и даваат други инженерски услуги. Исто така, тие водат  производството на градежни производи (бетонски елементи, градежен материјал за патишта  и слично).

Задачите  вклучуваат:

– развој на нови и унапредување на постоечките теории и методи од областа на  градежништвото;

– водење на проекти и проектирање на сообраќајници, хидроградби, конструкции од високоградба, мостови, тунели и слично, санирање на свлечишта и нивна реконструкција;

– конципирање и изработка на идејни решенија на градби, идејни проекти, студии, истражувања, консултации и други активности, како основа за изработка на главен и  изведбен проект, како основа на инвеститорот за донесување на одлуки поврзани со вложување во инвестиционен потфат;

– изработка на проекти за организација на градење;

– контрола на проектите во поглед на механичка отпорност и стабилност на бетонските, металните и дрвени конструкции;

– давање на советодавни услуги на инвеститорот во сите фази на изградбата;

– водење на производството на готови градежни елементи и конструкции (бетонски  елементи, градежен материјал за патишта);

–  проучување на технолошките аспекти на одделни градежни производи и советување во врска со нив;

– организирање на надзор и осигурување на квалитетот;

– водење на сложени и големи градилишта при изградбата на сите градби, планирање и водење на одржување на градба;

– вршење на стручен надзор;

– техничка соработка и консултации со останатите релевантни стручњаци;

– изработка на научни трудови и пишување на извештаи;

– вршење на сродни работи;

– надзор  на останатите соработници.

Во оваа единствена група спаѓаат следните занимања:

2142.01 Градежен инженер

2142.02 Градежен инженер за изградба на сообраќајници

2142.03 Инженер за хидроградба

2142.04 Инженер за геотехника

2142.05 Градежен инженер за аеродроми

2142.06 Градежен инженер за градба на железнички пруги

2142.07 Градежен инженер за инвестиции

2142.08 Градежен инженер за ниска градба

2142.09 Градежен инженер за висока градба

2142.10 Градежен инженер за енергетски постројки

2142.11 Градежен инженер на мостоградба

2142.12 Градежен инженер – истражувач

2142.13 Градежен инженер – проектант

2142.14 Инженер за статика

2142.15 Рецезент на инвестициска програма

2142.16 Самостоен градежен проектант

2142.17 Самостоен советник за градежна оператива

2142.18 Градежен инженер за санитарни уреди

2142.19 Инженер за водовод

2142.20 Инженер за канализација

2142.21 Проектант за водовод и канализација

2142.22 Урбанистички инспектор

2142.23 Инспектор за градежништво

2142.24 Инспектор за хидроградежништво

2142.25 Инспектор за противправни градби

2142.26 Инспектор за урбанизам

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO – 08)

Задолженија на работното место

Градежните инженери спроведуваат статички и сеизмички пресметки, анализи и истражувања, советуваат, дизајнираат  сообраќајници, хидроградби, како и конструкции од високоградба, водат изградба на сите градби , спроведуваат стручен надзор, планираат и водат одржување на градбите, советуваат и даваат други инженерски услуги. Исто така, тие водат  производството на градежни производи (бетонски елементи, градежен материјал за патишта и слично).

Потребно образование при вработување

(Дипломиран градежен инженер)

 

1) Високо образование (180 ЕКТС)

Дипломиран градежен инженер (Овластување Б за изведба)

(Магистер по технички науки, дипломиран градежен инженер)

Градежен факултет и исполнување на законските критериуми од Законот за градење (член 17, 24, 31, 35)

(Овластување Б за проектирање, ревизија и надзор, Овластување А за проектирање, ревизија, надзор и изведба)

 

Просечна месечна нето заработувачка

31.993 МКД

Слободни работни местa

124 АВРМ