ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ
Изгледи за вработување
Во развојот на македонската економија, градежништвото има значајна улога. Од градежништвото како носечка гранка зависат многу други економски гранки.
Градежните инженери се очекува во иднина да останат едно од најпобаруваните занимања во Република Македонија. Работата на градежните инженери ќе биде потребна и за проектите за енергетска ефикасност, за изградбата на нови згради со енергетска ефикасност надградба и доградба на стари згради.
Во просек на годишно ниво, за периодот 2017-2022 година, бројот на регистрирани вработени Градежни инженери изнесувал околу 1750. Градежните инженери се меѓу најпобаруваните занимања според статистиките на Агенцијата за вработување. Според податоците од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, просечниот број на слободни работни места кај ова занимање, на месечно ниво, за периодот јануари-декември 2022 година изнесува 130. За повеќе информации и за пристап до огласите за слободни работни места посетете ја страницата на АВРСМ на следниот линк:
Слични занимања класифицирани на друго место:
– Градежни архитекти – 2161
– Архитекти за просторно уредување – 2162
– Техничари за геодезија, градежништво и сродни занимања – 3112
– Надгледувачи во градежната индустрија – 3123
Повеќе информации
За вработување:
За повици за активни мерки на пазарот на трудот: