Акушери
Распоред на работата
Акушерите своите интервенции и работни задачи ги исполнуваат пред се во 24 часовни дежурства и сменска работа во сите болници, на сите нивоа. Значи обезбедуваат и пружаат здравствена нега 24 часа и во денска и во ноќна смена и за време на викенд и празници. Во зависност од организацијата одредени служби во здравствените институции работат и на повик според потребите, остварувајќи дежурства на повик.
Повеќето од акушерите работат со полно работно време. Во 2022 година според податоците од АВРСМ сите регистрирани вработени акушери биле вработени на полно работно време.
