Акушери

Акушери

Активности

Акушерите обезбедуваат медицински услуги, пораѓаат или им помагаат на докторите при породувањето, се грижат пред и по породувањето и ги советуваат мајките за негата на бебињата, учествуваат во здравственото воспитување на жените во врска со бременоста, доењето, исхраната и негата на новороденчињата.

Задачите вклучуваат:

  • учество во спроведувањето на дијагностички и терапевтски постапки во гинекологијата и акушерството;
  • подготвување на родилките и нивно пораѓање според стандардите за модерна акушерска заштита;
  • давање на првична нега на новороденчињата и следење на нивната здравствена состојба;
  • обука на мајката за доење, исхрана и заштита на новороденчето;
  • давање на парентерална терапија;
  • вршење на преврски, чистење на рани и давање на дневни лекарства на родилките;
  • едукативни активности и совети во клиниката и во заедницата;
  • размена на мислења и искуства со стручни лица од сродни области на медицината;
  • вршење на испитувања од специјализирани области и пишување на научни трудови;
  • вршење на сродни работи;
  • надзор на останатите соработници.

 

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

 

2222.01 Медицинска сестра за породилно – гинеколошка здравствена нега

2222.02 Акушер – специјалист

 

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Акушерите обезбедуваат медицински услуги, пораѓаат или им помагаат на докторите при породувањето, се грижат пред и по породувањето и ги советуваат мајките за негата на бебињата, учествуваат во здравственото воспитување на жените во врска со бременоста, доењето, исхраната и негата на новороденчињата.

Потребно образование при вработување

– Средно образование

Просечна месечна нето заработувачка

30.265 МКД