Акушери
Како да станете акушери
Образование
Со звањето „акушер„ се стекнуваат лицата кои се стекнале со IV ниво на квалификација за вршење на здравствена дејност на гинеколошко-акушерска сестра.
Образовни програми со кои се стекнува диплома за гинеколошко-акушерска сестра се нуди во следниве средни училишта за стручно образование и обука:
- Општинско средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи’’ – Битола
- Средно стручно општинско училиште „ Димитрија Чуповски“ – Велес
- Средно општинско училиште „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“-Гевгелија
- Средно медицинско училиште на град Скопје „Д-р Панче Караѓозов’’- Скопје
- Средно општинско училиште „Нико Нестор” – Струга
- Средно општинско училиште „Јане Сандански” – Штип
Додатното усовршување на акушерите се спроведува во случај кога опсегот и сложеноста на работата побарува додатна едукација, односно специјализација во одредена област од здравствената заштита.
Додатното усовршување на акушерите се спроведува и во здравствените установи.
Обука и сертификати
Акушерите, имаат потреба од континуирана надградба на знаењата, способностите и вештините, преку обуки и други облици на стручно усовршување кои се однесуваат на тековните достигнувања во медицината, научните истражувања, медицинската технологија, унапредувањето на комуникациските и социјалните вештини, системите за обезбедување на квалитет и стандардите на здравствената нега кои се однесуваат на дејноста што ја вршат.
Обуките и стручното усовршување, се стекнуваат преку учество на стручни семинари, конгреси и други стручни собири. Во Република Северна Македонија се регистрирани повеќе здруженија на медицински сестри, техничари и акушерки кои се борат за интересите на сите медицински сестри, техничари и акушерки.
Дополнителни вештини /Важни квалитети
Комуникациски вештини. Акушерите треба да бидат способни да комуницираат со пациентите и другите здравствени работници за да обезбедат соодветни насоки на дејствување.
Вештини за емпатија/сочувство. Акушерите треба да ги негуваат, да се грижат и да сочувствуваат со пациенти кога се грижат за нив. .
Вештини за одговорност. Акушерите треба да имаат чувство за одговорност преку која треба на пациентите да им овозможат правилни третмани и во вистинско време со што развиваат голема доверба и сигурност на пациентите. Има навремен и совесен пристап, во рамките и насоките за доверливост и медицинска тајна. . .
Вештини за емоционална стабилност. Акушерите треба да имаат способност за управување со своите емоции (синдром на согорување) или т.н. емпатичност и да се справат со човечките страдања во вонредни состојби и други стресови. ..
Организациски вештини. Акушерите често работат со повеќе пациенти со различни здравствени потреби. Организациските вештини треба да бидат од суштинско значење за правилен распоред на интервенциите со цел секој пациент да добие соодветна грижа. .
Физичка кондиција. Акушерите треба да бидат физички подготвени за да ги извршуваат физичките задачи.
Еколошка свест. Акушерите ја заштитуваат животната средина со правилно селектирање и соодветно отстранување на медицински и немедицински отпад.
