Акушери

Акушери

Просечна месечна нето заработувачка

Просечната месечна нето заработувачка за споредната група Медицински сестри и акушери каде спаѓаат и акушерите, изнесувала 30.265 денари во 2018 година. Според статистиката на Агенцијата за вработување, во 2022 година, сите огласи за Акушери се однесувале за вработувања со полно работно време.

 

(Извор: Државен завод за статистика, Анкета за структура на заработувачката, 2018 г.)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Акушерите обезбедуваат медицински услуги, пораѓаат или им помагаат на докторите при породувањето, се грижат пред и по породувањето и ги советуваат мајките за негата на бебињата, учествуваат во здравственото воспитување на жените во врска со бременоста, доењето, исхраната и негата на новороденчињата.

Потребно образование при вработување

– Средно образование

Просечна месечна нето заработувачка

30.265 МКД