Акушери

Акушери

Работна средина

Акушерите  се важен член на медицинскиот тим кој е задолжен за здравјето и безбедноста на пациентите. Професионалната грижа и нега за пациентите се нивно секојдневие. Акушерите работат во болници (државни или приватни), здравствени домови и сл. Работното време го поминуваат во добро осветлени простории, болнички соби, канцеларии на сестри или доктори, каде извршуваат административни работи и обврски поврзани со здравјето, грижата  и негата на пациентите во болничките соби.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Акушерите обезбедуваат медицински услуги, пораѓаат или им помагаат на докторите при породувањето, се грижат пред и по породувањето и ги советуваат мајките за негата на бебињата, учествуваат во здравственото воспитување на жените во врска со бременоста, доењето, исхраната и негата на новороденчињата.

Потребно образование при вработување

– Средно образование

Просечна месечна нето заработувачка

30.265 МКД