Акушери

Акушери

Изгледи за вработување

Побарувачката за акушерите е поврзана со зголемувањето на бројот на приватни болници или даватели за здравствени услуги во последните години.  Очекувањата се дека побарувачката за занимања во делот на здравствената дејност  ќе се зголемат  во текот на наредните години како резултат на се поголемиот интерес за инвестиции во здравствени установи и болници.

Членувањето во професионални здруженија исто така може да помогне во изнаоѓање на контакти и можност за вработување.

Слични занимања класифицирани на друго место:

  • Медицински сестри – 2221
  • Медицински сестри – акушери – 3222
  • Стоматолошки асистенти и терапевти – 3251

 

Повеќе информации

За вработување:

https://e-rabota.avrm.gov.mk

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.avrm.gov.mk

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Акушерите обезбедуваат медицински услуги, пораѓаат или им помагаат на докторите при породувањето, се грижат пред и по породувањето и ги советуваат мајките за негата на бебињата, учествуваат во здравственото воспитување на жените во врска со бременоста, доењето, исхраната и негата на новороденчињата.

Потребно образование при вработување

– Средно образование

Просечна месечна нето заработувачка

30.265 МКД