Техничари за геодезија, градежништво и сродни занимања
Како да станете техничари за геодезија, градежништво и сродни занимања
Образование
Техничари за геодезија, градежништво и сродни занимања треба да имаат завршено 4 годишно средно стручно образование.
Средни училишта кои нудат средно стручно образование од градежно геодетска струка (геодетски техничар/ градежен техничар) се:
- Средно општинско училиште „Нико Нестор“ – Струга
- Средно општинско училиште „Орде Чопела“ – Прилеп
- Средно градежно гимназиско училиште на град Скопје „Здравко Цветковски“-Скопје
- Средно општинско училиште „Коста Сусинов“- Радовиш
- Средно училиште на град Скопје „Шаип Јусуф“ Скопје
- Средно општинско училиште „Никола Карев“ – Струмица
- Државно средно училиште – регионален центар за стручно образование и обука„Моша Пијаде“- Тетово
- Средно општинско училиште „Таки Даскало“- Битола
- Општинско средно училиште „Богданци“- Богданци
- Средно општинско техничко училиште „Гостивар“ – Гостивар
- Средно општинско училиште „Ѓорче Петров“- Крива Паланка
Обука
Центарот за образование на возрасни има верификувано програми за обука, кои се со времетраење од 3 до 6 месеци (минимум завршено основно образование) и минимум 17 години.
За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки посетете ја следната страница:
Важни квалитети
Вештини за одлучување. Техничарите за геодезија, градежништво и сродни занимања мора да бидат способни да остварат одредено независно расудување на теренот, бидејќи тие не секогаш можат да комуницираат со членовите на тимот.
Ориентиран кон детали. Техничарите за геодезија, градежништво и сродни занимања мора да бидат прецизни и точни во својата работа. Нивните резултати често се внесуваат во правните записи.
Вештини за слушање. Техничарите за геодезија, градежништво и сродни занимања работат на отворено и мора да комуницираат со нивните шефови и другите членови на тимот на далечина. Следењето на говорните инструкции од шефот е клучно за заштеда на време и спречување на грешки.
Физичка издржливост. Техничарите за геодезија, градежништво и сродни занимања обично работат на отворено, често на нерамен терен. Физичката подготвеност е неопходна за носење опрема и за стоење поголем дел од денот.
Вештини за решавање проблеми. Техничарите за геодезија, градежништво и сродни занимања мора да бидат способни да ги идентификуваат и поправат проблемите со нивната опрема. Тие исто така мора да се во можност да ги решаваат проблемите кои се појавуваат.
