СЛУЖБЕНИЦИ ВО КНИГОВОДСТВО
Изгледи за вработување
Се очекува технолошките промени да ја намалат побарувачката за книговодители. Унапредувањето на софтверските програми, како што е „обработка на облак“, автоматизира голем дел од задачите што ги извршуваат книговодителите. Како резултат на тоа, книговодителите главно ќе се ангажираат на договор, а нема да се вработуваат како постојани вработени.
Побарувачката за книговодители се поврзува со зголемувањето на бројот на мали претпријатија, кои вработуваат книговодители, наместо сметководители.
Според процените на Анкетата за работна сила на Државниот завод за статистика 2017-2022 година бројот на вработени службеници во книговодство се движи околу 2900 лица.
Слични занимања класифицирани на друго место:
▪ Сметководствени стручни соработници – 3313
Повеќе информации
За вработување:
За повици за активни мерки на пазарот на трудот:
